Поезија – Линдита Ахмети

/, Литература, Блесок бр. 155/Поезија – Линдита Ахмети

Поезија – Линдита Ахмети

Празнина
Долга зима
Жолтило и молк
Споредувајте ме со птицата со скршени крилја
Црно чекање
Сива сторија
Роденден пред барикада
Каде си
Нимфа


Роденден пред барикада

 

сите патишта се забарикадирани

алата ја знаеме

но ништо не се слуша

молчиме како габи

татко со книгата пред себе

која не ја чита

поради пресилната тишина

гледа над очилата

и вели

ќе помине и ова

јас го чекам роденденот во април

се плашам зашто е на крајот на месецот

зборовите на татко ми ми изгледаат

како пеперутки со скршени крија

татко

му велам

наскоро ќе ми биде роденден

 

тој ја ниша главата лево и десно

неколку пати

го слушам само шумот на подземната река

под нозете

чувствувам како се труди да го влече и април

натаму

а барикадите се тука

дури се слуша и плачот на стеблата

кога ги сечела пилата

и лавината од камења и дрвја

која ја подигна барикадата

ја знаеме алата

но веќе е крајот на април

роденден пред барикадата

АвторЛиндита Ахмети
2025-02-11T19:04:30+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|