Поезија – Линдита Ахмети

/, Литература, Блесок бр. 155/Поезија – Линдита Ахмети

Поезија – Линдита Ахмети

Празнина
Долга зима
Жолтило и молк
Споредувајте ме со птицата со скршени крилја
Црно чекање
Сива сторија
Роденден пред барикада
Каде си
Нимфа


Сива сторија

денот стемнет
се слуша како офка
низ водопадот на кристалниот поток
и веднаш луња ја напаѓа шумата
пред која пее лин
полека се губи неговиот убав глас
во хаосот
но песната ја спасуваат планинските птици
бегајќи од сивилото
потоа се појавува горда
ноќта
се грижи да не се слушне неизреченото
од песната на лин
која ги расцветува цвеќињата
се крева високо
се шири пространо во ноќта
да не ја дозволи насмевката на зората
која ми ги одврзува прангите
што ме држат врзана
за камениот стол

АвторЛиндита Ахмети
2025-02-11T19:04:30+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|