Споредувајте ме со птицата со скршени крилја
јас сум битисана
можете да ме споредите со тагата
на птицата со скршени крилја
падната од врвот на карпата
во темни озборувања
каде случајноста
сѐ зема во своите студени раце
јас сум откинат трендафил
пред една недела
и заборавен зад вратата
под дебелата и тешка
сенка
кога се оди на годишен одмор
далеку
да се бара сонце
во набатеја
јас сум едно топло чувство
што исчезнува од треперењето на листот
сон на белата бреза
на која војниците ѝ ги исекле гранките
сто години по ред
со мене господарат празнината и темнната
двете што постојано го подбуцнуваат колнењето
да ме прогонува
тие сакаат да ме покријат со песок
кога моите години упорно бараат
да блескам