Жолтило и молк
нема блесок во ова митско пространство
на глувиот остров
само неплодната есен
гола
нашироко ја простира својата власт
боже како се исушени дрвјата
палмите
колку малку овошки без плодови
останале на островот
чиниш плачат
зашто им е забрането да цветаат
само некогашните кристални потоци
сега пресушени
останале да сведочат
на островот
за идилите
заедно со неколку ветерници
што мелат празнотија
небото горе
го затвориле со челична мрежа
не е дозволено да се појави виножитото
забранета е и космичката музика
само жолтило има
и молк