Поезија – Линдита Ахмети

/, Литература, Блесок бр. 155/Поезија – Линдита Ахмети

Поезија – Линдита Ахмети

Празнина
Долга зима
Жолтило и молк
Споредувајте ме со птицата со скршени крилја
Црно чекање
Сива сторија
Роденден пред барикада
Каде си
Нимфа


Долга зима

долга зима
време и време поминало додека
да живне летниот ден со конци од дрен
дабовото стебло да говори
за вековите наталожени во неговите годови
и лирскиот стих да бликне со едно зракче

чекање
и чекање
повторно зима
неколку дебели слоеви мраз притискаат
над стариот молк
и сѐ останува во власта на студот
и затвореноста
измиена со солзи

овошките се потпрени на ѕидот
на разурнатото кале
за да ја избегнат поларната голомразица
како мене останата
среде самотијата
во која се прпелкам
во оваа долга зима

АвторЛиндита Ахмети
2025-02-11T19:04:30+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|