Поезија – Линдита Ахмети

/, Литература, Блесок бр. 155/Поезија – Линдита Ахмети

Поезија – Линдита Ахмети

Празнина
Долга зима
Жолтило и молк
Споредувајте ме со птицата со скршени крилја
Црно чекање
Сива сторија
Роденден пред барикада
Каде си
Нимфа


Празнина

 

Чекориме низ празнината со рацете врзани на грбот

Без тело

Без траги

Одиме кон затворената патека

Придружени од огромен чувар со крената тупаница

Пред нас

На осветлената бескрајност се појавува туѓа сенка

Страшно голема

Невидено силно сива

Се провлекува низ метежот

И седнува меѓу нас

И бара да славиме изгубени времња

Нас нѐ обзема молк

Нас нѐ обзема сон

Нас нѐ крши страв

Ние одиме а празнината пред нас ги исекла до корен

Сите билки

Зад себе не оставила ниту тревка ниту пеперутка

Се влечеме ние така

Како живи мртовци

А околу мириса на сулфур

Одиме ние

И пред нас

Среде патеката огромен ѕид

АвторЛиндита Ахмети
2025-02-11T19:04:30+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|