Нејзини негови песни
Сцената беше занемена
од неочекуваното заминување
на артистите, на поетесите,
утеха ѝ беше помислата
дека сево ова повторно
и повторно може да се случи
на нејзиниот подиум.
Артистот влегуваше
во она што беше предодредено
за деновите и ноќите,
неговите оддалечени осети
му велеа дека поетесата
веќе му ги праќа нивните песни
во кои тој многу длабоко
со неговата рака
ги испишувал без поетесата
тоа да го сети
неговите пораки – песни
за нивните одвоени животи.