Новата песна
За љубовта ли пеам,
се прашува поетесата,
за медот на младоста
ли пеам во овие
години дрочни.
За чувството на љубовта
ако иде и се повторува
вечно со сласта на медот
и сласта на младоста
мигновна и зрачна,
тој воздух што е свеж
ветер од стихот
на новата песна
ни иде, рече артистот
читајќи ја новата песна.