ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

/, Литература, Блесок бр. 155/ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

Ненадејна љубов
Јужните ѕвезди
Стихови лабави
Тонење заедно
Езерото плива
Стихот што лебди
Мал ветрец
Новата песна
Нејзини негови песни
По патот на песната
Песната што не се буди


Мал ветрец

Се гледаме оддалеку
но далечината е совладлива
со помош на песната
полна со двосмисла
со можна лага.

Ако одиме по нејзиниот пат,
може да останеме вечно
во ропството што ни го нуди.

Поетесата ја пружа раката
што ја напиша песната,
стихот се доближи
до артистот сосема
му дувна во косата
и му помогна да отиде
ако сака.

АвторГордана Михаилова-Бошнакоска
2025-02-11T19:04:59+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|