Стихот што лебди
Болеста ја совладуваше,
навлегуваше сѐ посилно
во нејзиното растреперено тело,
песните се местеа една по една
да ѝ помогнат.
Имаше денови кога
поетесата не знаеше
дали е жива
или веќе е мртва.
Артистот ѝ испраќаше повици,
нечујни далечни,
да го окрепи нејзиното тело,
ништо веќе не можеше
да направи дури и еден таен стих
што тој ѝ го испрати
лебдеше во воздухот,
во одајата на болеста.