ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

/, Литература, Блесок бр. 155/ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

Ненадејна љубов
Јужните ѕвезди
Стихови лабави
Тонење заедно
Езерото плива
Стихот што лебди
Мал ветрец
Новата песна
Нејзини негови песни
По патот на песната
Песната што не се буди


Езерото плива

Езерото е бистро полно
со заборавени тела
на поетесите,
наоколу се збираат капачите
некој се обидува да ги спаси.
Во бистрите води
се случуваат неочекувани битки
брановите невидливи
ги голтаат нивните тела,
никој не може да ја следи
оваа енигма,
се појавуваат од некаде
артистите – читачите на стихови
ги толкуваат вешто новите пораки.
Поетесите понесени од бранот
ги извлекуваат
своите заборавени тела,
стиховите живнати
им се поклонуваат на артистите.
Езерото ужива
започнува самото себе да се толкува.

АвторГордана Михаилова-Бошнакоска
2025-02-11T19:04:59+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|