ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

/, Литература, Блесок бр. 155/ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

Ненадејна љубов
Јужните ѕвезди
Стихови лабави
Тонење заедно
Езерото плива
Стихот што лебди
Мал ветрец
Новата песна
Нејзини негови песни
По патот на песната
Песната што не се буди


Тонење заедно

Стојат наспрема еден кон еден
стиховите збунети
ги бараат своите места
загубени им се патоказите
од секаде ги шибаат
камшици врели
стиховите ги бркаат
писателките: аман, ајде
одредете ги нашите
нови места.

Писателките им вртат грб
одиме да пливаме
во бистрите езерски води
да не сте се дрзнале
да нè следите
оти може да се удавите.

Стиховите им се лепат за нозете,
писателките тонат.
Со стиховите заедно – како едно.

АвторГордана Михаилова-Бошнакоска
2025-02-11T19:04:59+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|