Стихови лабави
Лебдат неочекувани мириси
од отворените кутии
во кои лежат голите жени
загубени во своите песни,
не може да се снајдат
во состојба без руво.
Се отвораат сите врати
наеднаш е наезда
од артисти кои сакаат
да ги облечат
со зборови нови
голите жени
кукли во сребрените кутии
се мрешкаат овие риби
ја градат новата песна
стихови лабави
прелесни за да бидат изговорени.