Песната што не се буди
Никоја песна не стои сама
додека со стапчето на маѓепсниците
не се растресат сокриените ѕвезди,
додека не се огласат утринските птици
и да речат – еве го денот – стигна.
Поетесата вели – песно, почекај,
славејот пред зори се буди.
Артистот вели – денот е стигнат
стиховите се нашиот појадок.
Да ги прескокнеме овие размирици,
вели поетесата и се завртува
кон новите песни.
Се дознава дека таа е сокриена
во ненапишаните песни.
Од еден остров вечен
и уште повечниот поет
облечен во облеката на Шекспир
благо низ далечните времиња нè следи –
бидете среќни поетесите и поетите
не се измислица на волшебниците
тие се тука во вашите води.