ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

/, Литература, Блесок бр. 155/ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

ПОЕЗИЈА – ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА (Мед и младост, Макавеј, 2023)

Ненадејна љубов
Јужните ѕвезди
Стихови лабави
Тонење заедно
Езерото плива
Стихот што лебди
Мал ветрец
Новата песна
Нејзини негови песни
По патот на песната
Песната што не се буди


По патот на песната

Сцената остана празна
уште само сенки
од артистите се движеа
некако загубено
како да ги бараа заталканите
зборови на неизречените песни.

Писателката во партерот
сѐ уште седеше и сакаше
повторно да го види артистот
што ја кажуваше нејзината песна.

Шеташе со погледот низ празната сцена
само сенки гледаше
“барем да ја откријам неговата“
благ топол здив врз лицето и пролета
се обѕрна до неа седеше артистот
и рече подготвен сум да ја кажам
твојата последна песна.

Поетесата му ја кажа
нејзината последна песна:
Многу поминав, а малу ми остана
тоа малу тебе ти го подарувам.

Го бакна во окото и замина
во партерот немаше никој
утредента во весниците
и на телевизиите беше објавена вест
за нејзиното исчезнување.

АвторГордана Михаилова-Бошнакоска
2025-02-11T19:04:59+00:00 февруари 8th, 2025|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 155|