Ненадејна љубоов
Брзаме, трчаме да ја стигнеме
веста за нова средба
облак ветен врз времето ни паѓа
Стоиме стаписани –
зар ова треба да ни се случи
сега овде наврапито
кога сѐ наоколу
го стега обрачот
и ние во него – менгеме
полно со љубов
од кое не се бега.
Оваа е неочекувана љубов
што стега.