Госпоѓицата депресија
малата дама депресија
лежи во соседната соба.
пршлените на ‘рбетот свиен
страста ѝ ја дробат.
по голото тело го движи
погледот изненаден, чуден.
ѓаволче потта ѝ ја лижи
опфатено од огнот блуден.
збунетоста и ѝ го враќа
мирот во собата мрачна:
во сласт крвта ѝ се крева
мислата блудна ја праќа
по океанот в неспокој зачнат
во похотта што се влева.
госпоѓицата депресија
во сонот одгледува рис.
го гали и го напојува
од сочниот клиторис.
мал остров во занес
од возбуди сплетен
душата ѝ ја искушува
и ја симнува в пети.
од тоа се буди рисот
– трпки в рој ѝ фрла.
офкаат бутовите, плисок
сласна врелина в грло:
шепоти дише дише врисок
дише врисок шепоти стисок