Поезија – Славе Ѓорго Димоски

/, Литература, Блесок бр. 151/Поезија – Славе Ѓорго Димоски

Поезија – Славе Ѓорго Димоски

До гола коска
Настрана свртеното лице на ангелот
Кожо моја кожо
Вечера (тајна?)
Госпоѓицата депресија
Орач


Кожо моја кожо

кожо моја кожо

зошто ме сочува

олку години

не ме пушти

да излезам

да се распрснам

во микро-парчиња

што ќе ја опфатат

сета вселена?

кожо моја кожо

можеби ме сочува

да не бидам привидение

туку во тебе стуткан

да бидам стварност

да викам да ревам

за да се извлечам

од сопствениот гнев

во мигов врз тебе

што се изли?

АвторСлаве Ѓорѓо Димоски
2023-10-01T12:29:42+00:00 септември 13th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 151|