8 песни

CAMERA OBSCURA
РОЗИТЕ НА ФРАЊО ФЕРДИНАНД
ДА СЕ ПРЕВРТИ ВО СЕБЕ
ДЕТОНАЦИИ
МНОГУ ДОЛГ КАДАР
ЗЕМЈОТРЕС
СТРИЖЕЊЕ
ПРОШЕТКА


ПРОШЕТКА

Пантовчак, Павлиновиќева, Британец,
Кукуљевиќева, Зеленгај, Тушканец.
Ретките минувачи ги заобиколуваме на пристаништето,
некогаш со срам,
некогаш со нелагода.
За нашите правила пците не се грижат,
се поздравуваат и се мирисаат,
не се обрнуваат на сопствениците.

Крошните на падините се полуголи,
како да не можат да се одлучат
помеѓу зима и пролет.
Стеблата раздвоени во подножјето
се преплетуваат со рацете и со небото.
Ќе одмерам прстофат сино
па ќе откршам фелка,
ќе понесам сувенир.

На враќање низбрдо,
Гољак,
психијатриска болница за деца и млади.
Жолта, со бели решетки на прозорците.
Боите се свежи и блескаат,
како што блескаат сликовниците
или играта.

Покрај улицата заринкани цигли
како исушени зборови:
чума, лепра, земјотрес, Спиналонга.
Ги прескокнувам в грло
па ти се загледувам в лице:
по образите ти никналe шума
и шумички.

АвторАндријана Кос Лајтман
2023-06-08T11:45:39+00:00 јуни 6th, 2023|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 150|