Во мрачните зимски саати, дур’ другите
спијат, го најдов зборовиве и ги
составив оти беа гладни и жедни
еден за друг. Во тишина се туркаа. Си
ги разменија значењата како да имаат само по едно.
Никогаш несонувани монструозни сојузи
направија. Понекогаш губеа. Сепак, на овој свет
нема да се разделат веќе. Заедно
се. Верноста нивна ниедна
цел или намера не може да ја скрши.
И сета оваа магија на зборовите
во тие мрачни саати дур’ другите спијат.