Има една земја за минување, ќе
ја најдете во аголот на окото, во
брзото лизгање на стапалото – далечен
воздух, брзо фатен поглед.
И можеби за вас, за мене, тенок, минлив
глас што си го наоѓа патот
плашејќи се. Таа земја е таму, за нас,
си ја носиме дур’ ја минуваме. Но она
што ве плаши нема да мине: ќе ве земе
во вас самите, ќе ве благослови и ќе ве чува.
Таков е светот, и сите живееме таму.
Како се случија овие зборови
Да
Прашај ме
Се викам Вилијам Тел
За моите млади пријатели што се плашат
Како се случија овие зборови
Поезија
АвторВилијам Стафорд