ШВАЛЕРСКА
Нејзините гаќи во неговиот џеб, карминот насмеан на околувратникот. Се душка под мишка – цел мириса на неа. Куче е, разлигавено над нејзиното отсуство. Одбива да се истушира за да не ги измие допирите. Градникот и лустерот, кошулата и фотелјата, обетките обетнати на ушите на звучникот. Чаршафот и сè што се излеало од нив (коктел од љубовни сокови). Си ги враќа позите и пак му се крева. Знае дека нема совршено убиство, ниту совршена љубовна измама. Сите зад себе оставаат траги, особено забеганите љубовници. Не оди ова повеќе вака – си вели, ги запоставив работата, семејството, родбината, околината, целиот свет. Ѝ се јавува и ѝ вели: Соблакај се, доаѓам веднаш!