20th Century Fox

20th Century Fox

1. бабушка
2. медитеран
3. знаци крај патот
4. гимнастика, самрак, силиконски прав
5. блискост на истокот
6. целулоидни палјачовци
7. сексуалноста на револуцијата
8. калапи на картографијата
9. хрватска студена лирика

четириесет пати дневно доцнев за појадок:
така стигнав до четириесеттите.

зад завесата исчезнуваше сантата на сексот,
смеата на сувите девици, бојазливиот лек на насилството

полноќта ги миеше студените вилончела кога
ја затекнав непознатата рака во одамна напуштениот џеб.

АвторБранко Чегец
2018-08-21T17:21:28+00:00 февруари 1st, 2006|Categories: Поезија, Блесок бр. 46|