црцореа слики на масата,
лебдеа печурки и професори,
трагачи по секрети и историски сончогледи:
беше занесен ден.
па данте, пекол, ледена еритреја.
бев бесен арканзас,
бледило на северната хемисфера,
славна барака и ајзенштајн.
бев алкохол, тарантула,
црвено рижото со тиквички,
подготвен да го отворам крвотокот, сите четири реки,
целиот угаснат карловац: