ПОЕЗИЈА – Тихомир Јанчовски

/, Литература, Блесок бр. 119/ПОЕЗИЈА – Тихомир Јанчовски

ПОЕЗИЈА – Тихомир Јанчовски

Калта е од земја и вода
Игла и конец
Убавината ќе го спаси светот
Писмо
Недвижнина
Троножец


КАЛТА Е ОД ЗЕМЈА И ВОДА

Еден ден, нема да ги отвориш очите
тоа бездруго ќе значи дека си умрел
или ќе ти останат втренчени и без сјај
и некој ќе ти ги склопи со дланка
за да не ги плаши, погледот
со безживотни стаклести длапки
матен, блед и страшен
вкочанет и вечен
Сум гледал вџашен како умира куче
и како умира човек
исто е.
Има три мига,
раѓање, венчавка и смрт
конечно, тие се бројат
и само еден од трите
е избежен
за секое суштество
животните не се женат
ни растенијата
ни камењата
браковите на океаните и копната
траат предолго за да бидат сфатени
Калта е од земја и вода

АвторТихомир Јанчовски
ПреводТихомир Јанчовски
ПреводДијана Комленац
2018-09-25T09:23:50+00:00 мај 12th, 2018|Categories: Поезија, Литература, Блесок бр. 119|Tags: |