Понекогаш е јануари среде лето

//Понекогаш е јануари среде лето

Понекогаш е јануари среде лето

Роман од Алеш Штегер (2011)

превод од словенечки: Игор Исаковски.

Едиција с.р., книга 16

Поинакво е сè. И ти си поинаков. Како кога ќе помислиш, додека жеден се будиш среде ноќ: само вратата ќе ја отворам, зад неа е мојата кујна, моите чаеви. Вратата се отвора на друго место, во простор во кој не сакаш да се разбудиш. И тоа е soroche, за кое пишува Алеш Штегер. Да почнеш, одеднаш, чудно да мислиш, да чувствуваш, да зборуваш, да постапуваш. Тогаш посакуваш дома. Секако, кога ќе стигнеш дома, домот е сменет, зашто патувајќи и ти си се променил во друг (поинаков) човек. Подобар, полош? Како затоа да си тргнал на пат, или не? Или само зашто на твојот дом тоа му недостасувало, па целиот свет не може да го наполни? А се менуваш лесно, одеднаш тоа го чувствуваш, од страшна оддалеченост се гледаш себеси во различни доба на животот, во мугрите на детството, во зрелоста под инакво светло. И тоа е soroche. Најстрашното soroche е враќањето меѓу своите предмети, во својот простор, во кој стапуваш како туѓинец. Тешко се одомаќуваш. Нели, Алеш? Дане Зајц

Цена: 400 ден.

Купи

ISBN 978-9989-59-349-9, 14×20 см., 182 страници
корица: мат пластифицирана

Дополнителни содржини:

  • Био-библиографска белешка
АвторАлеш Штегер
ПреводИгор Исаковски
2018-12-21T10:46:24+00:00 декември 7th, 2012|Categories: Uncategorized|