Џенат Дрековиќ

/Џенат Дрековиќ
Џенат Дрековиќ 2018-08-21T17:17:43+00:00

Project Description

Роден е 1979. година во Македонија. Дипломирал фотографија на Академијата за убави уметности во Белград и завршил World Press Photo Masterclass во Берлин. Моментално е на постдипломски студии по фотографија на Академијата на ликовни уметности во Сараево. Работното искуство го стекнал како фоторепортер во дневни весници и неделници и како гостин-предавач на Pacific University Oregon. Работи на фотографски проекти, меѓу кои и: „Луѓето од маргините“, „Symphedonia“ во соработка со Заводот за згрижување на ментално инвалидните деца и младина Пазариќ. Член е на Здружението на ликовните уметници на применетите уметности на Босна и Херцеговина (ULUPUBIH), и е соосновач и соработник на CFFM (Центар за фотографија, филм и мултимедија Сараево). Изложувал на бројни самостојни и групни изложби во регионот и светот. Живее и работи во Сараево како фотограф во Центарот за истражувачко новинарство (CIN).

Related Articles