Љупчо Јолевски

/Љупчо Јолевски
Љупчо Јолевски 2018-08-07T18:15:01+00:00

Project Description

Љупчо Јолевски (мини прошетка по сопствените четири децении од животот):

Роден е во едно циганско лето далечната … Запишале: 29 септември 1958. На здравје! Растел во дивината на Дебарца – Охридско со сонцето во срцето и мечтаел да ги анимира другите. Наместо да ја продолжи семејната традиција и да стане печалбар, татко му го оставил да се снаоѓа на правливиот асфалт од полуурбаното Скопје. Животните лекции ги учел без задршка. Времето на братството и детинството му дарило можност да другарува со винилите на Цепелин, Боуви, Морисон и Дорс. И, наместо да продолжи да свири, почнал да пишува. Најнапред во „Млад борец“ – новинарска школа на животот. Еднаш и засекогаш. Го минал патот од носење бурек како соработник, преку чорба во „Пивница“ како новинар, и му се посреќило да биде уредник на културната рубрика во времето на „пролетта на македонското новинарство“ и рушењето на лажниот мир во соцреалистичката средина. А, пишувал најнапред за сè, за потем да почне да го гризе она што го правела неговата рокенрол генерација (Архангел, Мизар, Падот на Византија…) и да се бори и на нив да им светнат рефлекторите над главата. Времено, киснел во Телевизија (музичката емисија „Видеометроном“ и неделното попладне), за да потем слези долу и се инфицира од Радиото. Еднаш и…засекогаш со магијата. Од некаде 1995 бил кормилар на култната Стотројка (Канал 103). Едновремено, со Оливер Белопета ја работел (бајаги години) музичката страница во саботниот број на „Нова Македонија“. Искуство што со пари не се доплаќа. Упс, да не заборавам соработувал во „Екран“, „Детска радост“, потоа безмалку сите младински весници во поранешна Југославија, „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“… „Старт“, Блесок“, „Балканис“, „Антена“ („Дневник“)…

Related Articles