Ј.М.А. Биешовел

/Ј.М.А. Биешовел
Ј.М.А. Биешовел 2018-08-21T17:17:56+00:00

Project Description

Ј.М.А. Биешовел (р. 1939) е еден од најпродуктивните и најпочитуваните раскажувачи во холандската книжевност. Ова делумно се должи на неговите бројни и незаборавни настапи во безброј радио програми, театарски и телевизиски емисии, каде што ги чита своите дела со својот прекрасен сонорен глас. Расказите на Биешовел се карактеристични по блискиот и ироничен начин со кој обработува автобиографски и религиозни теми (како и мнозина други славни холандски автори, потекнува од религиозно семејство). Прекрасниот Мопед на море, во кој еден од ликовите вози мопед преку божјите води е еден од најпознатите примери. Автентичноста на расказот е несомнено засилена од фактот што и самиот Биешовел некое време бил морнар. Расказот Мопед на море е објавен во 1972 година.

Расказот на Ј.М.А. Биешовел е дел од антологијата „Горко-слатки парчиња“, издание на Блесок

Related Articles