Јовица Ивановски

/Јовица Ивановски
Јовица Ивановски 2019-12-27T10:45:21+00:00

Project Description

Роден 1961 год. во Скопје. Автор на книгите: Зошто мене ваков џигер (1995), Градот е полн со тебе (1997), Чуден некој сончев ден (1999), Три напред три назад (2004), Двоен албум, двокнига составена од книгите: Сладолед во недоглед и Во сенката на билбордот (2005), Стремеж за дремеж (2007), Ветер и магла (2009), Со сламка во уста (2011), Киноутро (2015), Морето ми е до колена (2016), Градот што веќе не е мој (2016), Со слободна рака (2017), Остави ме да си доиграм (2018), Човек (2019), Open the window and let the cyti breat a litle, избор на англиски јазик (2002), Избрани песни, избор на македонски и англиски (2002), Деновиве, ако не и утре, избор на македонски и англиски (2009), Набилдана месечина, избор на македонски – прв дел (2019), како и на книгата Кинојутро, избрана поезија на српски (2019).

Еден од шесте автори застапени во двојазичната книга Шест македноски поети (2011), објавена во Англија,

Препеан е на петнаесетина јазици и застапен во повеќе антологии на македонската поезија.

Учествувал на дваесетина поетски фестивали, саеми на книги, резиденции…

Пишувал текстови за музика, колумни, сценарио за ТВ емисијата „Говорете македонски“.

Добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките Вечери на Поезијата за книгата „Човек“ (2019).

Сè уште живее и работи во Скопје.

Related Articles