Јован Котески

/Јован Котески
Јован Котески 2023-06-06T14:33:21+00:00

Project Description

Јован Котески, македонски поет и (1933-2001). Завршил средно образование. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил претседател на Советот на СВП. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1958 година.
Автор е на книгите: Насмевка пред зорите (1958), Земја и страст (1958), Злодоба (1963), Тежина (1965), Пеплосија (1966), Сенки (1972), Зелени порти (1975), Хераклеја (1978), Поморија (1981), Бденија и сновиденија (1982), Полилеј (1983), Плодови (1984), Тапија (1985), Живожарица (1990), Сончева белегија (1990), Морници(1991), Глувчето со двоглед (поезија за деца, 1991), Ралица (1992), Злодоба (1992), Лелејка (1994), Самотија (1994), Празник (библиофилско издание во ракопис, 1995), Трагач (поема, 1995), Решетки (1996), Приќе (1997), Разор (1999), Картечница (2000).
Добитник на наградите: „Кочо Рацин“, „Нарциса“, „Ацо Шопов“, „Григор Прличев“ (за поема), „Браќа Миладиновци“.

Related Articles