Јадранка Владова

/Јадранка Владова
Јадранка Владова 2018-08-21T17:17:45+00:00

Project Description

Јадранка Владова е родена на 20.04.1956 година во Скопје. На Филолошкиот факултет во Скопје ги предава предметите Светска литература и Литература за деца.
Автор е на следните книги: Скарбо во мојот двор, (1986); Воден знак, (1990); Измислување на светот, (1991); Мојот пријател А. (1992); Девојчето со две имиња (1993 и 2001); Волшебноста на зборот (1994); Гледалото зад огледалото (1999); Деца како мене (во коавторство со фотографот Владимир Тодоров), 2000 (Македонска верзија на изданието на UNICEF – Children just like me); Куќа, (2001); Учебник по македонски јазик за I година гимназија (ПЕКСНАС), 1997; Македонско-чешки речник (со група чешки соработници), 1998; Основи на демократијата за I одделение (2000); Пристап кон лирската песна за основното образование (2000); Читанка за петто одделение (2001); Македонски јазик и литература за петто одделение (2001); Македонски јазик и литература за шесто одделение (2001); Детска литература (2001); Mein Freund A., 2001 (превод на германски: Барбара Утевска и Ана Корженска)
Преводи: Борис Билетиќ: Машки врисок (превод од хрватски јазик), 1987; Ристо Јачев: Заточеник на мракот (препев на српски јазик), 1996; Јордан Радичков: Ние, врапчињата (превод од бугарски јазик), 2000 и 2001.

Почина во декември 2004 во Скопје.

Related Articles