Ѓорѓе Јовановиќ

/Ѓорѓе Јовановиќ
Ѓорѓе Јовановиќ 2018-08-21T17:18:25+00:00

Project Description

Ѓорѓе Јовановиќ (Скопје, 1980) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (2003). Има реализирано повеќе проекти во чиј фокус се прашањата за интеграцијата и дезинтеграцијата на современиот човек. Во неговите дела тој ги преиспитува меѓучовечките односи во контекст на општата состојба на редефинирање на универзалните вредности, односот човек-општество и конзумеризмот како клучен фактор на модерниот начин на живот, политиката како фактор на распаѓање на градовите, државите и семејствата. Присутен е и елементот на авто-референцијалноста, како и преиспитувањето на себеси во потесен и поширок контекст на распадот на старите и создавањето на нови вредности. Работи инсталации, перформанси, објекти, видеа, колажи и слики со цел да постигне трансформација на уметничкиот израз и индивидуална експресија, следејќи ја флуидноста на современиот контекст.
Реализирал повеќе самостојни изложби во државата и странство: Исповедите на еден јадач на колачи (Ровињ, 2013), Фрагментарниот архив на уметникот од земјата во транзиција (Њујорк, 2010), It’s Complicated (Грац, 2010), Лош ден за господинот Еузебио (Скопје, 2008) Прошетката на господинот Ченк низ раздвоениот континент (Скопје, 2005), како и повеќе перформанси: Исповедите на еден јадач на колачи, изведен во Њујорк, Виена, Љубљана, Белград, Прштина, Ровињ, Скопје,(2008-2013), Депресијата на новогодишната ноќ, (Скопје, 2005). Учествувал на бројни групни изложби во САД, Италија, Холандија, Франција, Шпанија, Белгија, Финска, Египет, Грција, Србија, Турција, Словенија, Австрија, Македонија.
Остварил повеќе резиденцијални престои: IAAB Базел, TICA-Tirana, La Cité internationale des Arts- Париз, Watermill Centеr- Њујорк, Apartment project-Истанбул, ISCP- Њујорк, CCN-Грац. Добитник е на повеќе награди: Денес за млад уметник за 2009, наградата за видео на меѓународниот фестивал Алтернативен филм / Видео во Белград, 2009, Акто фестивал, Битола, 2012 и Најдобар млад уметник на 10 Биенале на млади уметници, Музејот на современата уметност за 2013.

Related Articles