Тристан Виндторн

/Тристан Виндторн
Тристан Виндторн 2018-08-21T17:18:00+00:00

Project Description

Тристан Г. Виндторн (31.07.1942-04.03.2009) студирал текстилна техника во Англија и во Шведска. Тринаесет години работел како техничар за осветлување во Норвешкиот театар во Осло и во Новиот театар на Осло. Првата книга поезија ја објавил во 1970 година, а кон крајот на 2008 својата 29 книга. Добитник е на голем број значајни книжевни награди и стипендии, меѓу кои и Патувачка стипендија на Норвешкото писателско здружение, Државна награда на Норвешка, Награда на градот Осло, Награда од Дремен, најпрестижната норвешка награда – Ашехуг – која ја доделува Норвешкото здружение на книжевни критичари, Награда Доблуг од Шведската академија, Критичарски бакнеж од Критички журнал. Во 2005 година е прогласен за витез од Дракабигет. Многу од неговите песни се преведени на дваесет јазици и објавени во антологии, книжевни списанија и весници.

Related Articles