Трајче Крстески

/Трајче Крстески
Трајче Крстески 2018-08-21T17:17:46+00:00

Project Description

раскажувач, романсиер, поет, драмски автор. Роден е на 18 мај 1950 година во Прилеп. Уредник на списанието „Стремеж“. Член на ДПМ од 1980 година.
Автор е на книгите Скица за гоблен со палјачо (драма, 1971), Арлекин со празни раце (роман, 1981), Пресуда (драма, 1982), Убиство со умисла (драма. 1983), Бесење пес (раскази, 1983), Бела Митра (роман, 1984), Ослободен човек (роман, 1986), Светлина зад ридот (роман, 1990), Лов (роман, 1991), Градење црква (драма, 1993), Силјан повторно лета (роман, 1994), Скриеното во говорот (поезија, 1997), Фантазмагории (раскази, 1999), Габи (книга за печурки, 1999), Јона и полжавот (роман, 2000).
Добитник е на наградите: „Нарциса“ и „Мисла“.

Related Articles