Тоне Шкрјанец

/Тоне Шкрјанец
Тоне Шкрјанец 2018-08-21T17:17:59+00:00

Project Description

Тоне Шкрјанец е роден 1953 год. во Љубљана. Дипломирал социологија на Универзитетот во Љубљана. Работел како новинар. Сега работи како организатор на поетскиот фестивал Трновски терцети. Ги објавил следните поетски книги: Блуз на замавот (1997), Сонце на колена (1999), Пагоди на ветрот (2001) Ножеви (2002), Бакар (2004), Кожа (2006). Избори од неговата поезија се објавени во Полска (2005) и во Бугарија (2008), а во 2005 год. њујоршката издавачка куќа Агли Даклин Прес ја објави неговата збирка хаику Сонце на колена. Со пет песни учествувал и на плочата со поезија и музика Парче врева и грст сол (2003) што ја подготвиле музичари и поети од Љубљана, а заедно со композиторот Јани Мујич снимил седум свои песни на ЦД-то Ловење на ритамот. Преведува од англиски јазик (современа американска литература), како и од хрватски и српски. Поезијата на Тоне Шкрјанец е објавена во повеќе антологии на современата словенечка поезија и е препеана на бројни светски јазици.

Related Articles