Том Петсинис

/Том Петсинис
Том Петсинис 2018-08-21T17:17:57+00:00

Project Description

Том Петсинис е поет, драматург, романсиер, кој живее во Мелбурн. Роден е во Егејска Македонија во 1953, а емигрирал во Австралија како дете. Австралискиот совет му доделил Писателска стипендија и престој во библиотеката Б.Р. Вајтинг во Рим. Предавал математика и креативно пишување на разни високо-школски установи. Во моментов предава на Универзитетот Викторија, каде неодамна докторира. Оженет е и има две ќерки.
Неговата прва драма, Суша, е прогласена за драма на годината 1993 од Центарот за уметности на Викторија, и била во најтесен избор за Книжевната награда на Премиерот на Викторија во 1995. Следниот роман, Францускиот математичар, бил во најтесен избор за Книжевната награда на Јужно-австралискиот фестивал во 1998 и за Наградата за проза на Премиерот на Нов Јужен Велс во 1999. Автор е на три романи, една збирка раскази, пет збирки поезија и три драми. Учествувал на домашни и меѓународни книжевни фестивали, меѓу кои и Струга, Ротердам, Мастрихт и Виленица. Преведуван е на повеќе јазици.

Related Articles