Стево Симски

/Стево Симски
Стево Симски 2018-08-21T17:17:47+00:00

Project Description

поет, раскажувач, писател за деца. Роден е на 7 септември 1953 година во Јабука, Србија. Петнаесет години работел како наставник по македонски јазик. Од 1997 година работи во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Добитник е на над десетина награди на конкурсите за краток расказ. Автор е на неколку ТВ сценарија снимени од МРТВ.

Автор е на книгите: Бродот нуркач (поема за деца, 1991), Лаѓа од картон граѓа (брзозборки, 1992), Ѕвездена порта (роман, 1993), Источен ѕид (поезија, 1999), Раѓање на ангелот (поема, 2001), Зимска шапка (раскази, 2002), Виолетов дожд (раскази, 2004), Недеремено око (поезија, 2008)

Наградени книги: Прва награда на Подкозјачките поетски средби, 1999, за збирката песни Источниот ѕид. Прличева награда за поемата Раѓање на ангелот.

Related Articles