Роберт Млинарец

/Роберт Млинарец
Роберт Млинарец 2018-08-21T17:17:50+00:00

Project Description

Роден 1966 во Загреб, Хрватска. Студирал на Загребскиот универзитет, на групите философија, етнологија и информатика.
Четири години работел како технички уредник, а потоа три години како уредник во разни издавачки куќи. Преведува од англиски, словенечки и македонски. Од 1998 е слободен писател и хонорарен уредник. Живее во Виена и во Загреб.

Библиографија (само книги): Солзите на Георгина, 1997 (раскази); Quattro Stagioni (коавтор со Зоран Фериќ, Мирослав Киш и Борис Периќ), 1998 (раскази); Филм од пет секунди, 1998 (поезија); Ткајачи на сништа, 1999 (раскази); Мали ноќни помагачи, 2000 (сликовница); Сè за ветерниците, 2002. (раскази); Ткајачи на сништа, е-издание, 2002 (раскази)

Застапен во повеќе антологии. Објавува во многу списанија во различни земји (Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Југославија, Унгарија, Словачка, Англија, Австралија). Добитник на неколку награди.

Роберт Млинарец бил уредник на Блесок Проза

Related Articles