Ребека Голд

/Ребека Голд
Ребека Голд 2018-08-21T17:18:22+00:00

Project Description

Ребека Голд е доцент по литература на Јејл-НУС Колеџ (Сингапур), и специјализира во областа на литературите на исламскиот свет во компаративен контекст. Нејзините книги, што се фокусираат на модерните уметности во кавкаските области како и на класичните персиски затворски песни, го истражуваат начинот на кој поезијата се справува со, се противставува на и ја канализира државната моќ од средновековието до современиот период, особено во исламските земји. Освен што се занимава со истражување на персиската, арапската, руската и грузиската литература од минатото и од денешното време, Ребека Гол се интересира и за врските меѓу антропологијата, компаративната литература и општествената теорија.

Related Articles