Радован Павловски

/Радован Павловски
Радован Павловски 2022-05-11T19:38:09+00:00

Project Description

Радован Павловски (1937, Ниш, Србија – 2022, Скопје) беше македонски поет, есеист, патописец и публицист. Живеел во Македонија, каде што го завршил своето образование, а и во Загреб (1964-1982) и Белград (1982-1985). Бил член на МАНУ, Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот ПЕН-центар. Автор е на 32 дела (најголем број поетски книги, но и патописи и есеи) и повеќе собрани дела. Добитник е на значајни книжевни награди меѓу кои: Браќа Миладиновци“,„11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Ацо Шопов“ и други. Неговата поезија е преведена на над 50 светски јазици, а добитник е и на значајни меѓународни признанија за неговото дело. Радован Павловски е еден од најпреведуваните македонски поети во светот.

Related Articles