Оуен Мартел

/Оуен Мартел
Оуен Мартел 2018-08-21T17:18:14+00:00

Project Description

Оуен Мартел е роден 1976 година во Понтнедвехан, јужен Велс. Неговиот прв роман на велшки јазик, Cadw dyffydd, brawd („Сочувај ја вербата, брате“) кој го напишал додека студирал во Аберствит, во 2001 година од Уметничкиот совет на Велс ја добил наградата Велшка книга на годината. Неговиот втор роман Dyn yr Eiliad („Другиот човек“) бил во најтесен избор за истата награда во 2004 година и, според еден од критичарите, „меѓник во поновата велшка проза“. Неговата најнова книга Dolenni Hud („Волшебни врски“) е збирка од шест раскази кои се случуваат во „велшките“ градови во САД, а е збогатена во со 40 фотографии од Симон Профит. Исто така, Оуен Мартел е и преведувач. Неговата адаптација на делото „Посегање по нејзиниот живот“ од Мартин Кримп беше поставена во театарот Шерман Симру во Кардиф, во сезоната лето/есен 2009 година.

Related Articles