Нове Франговски

//Нове Франговски
Нове Франговски 2021-04-01T18:14:08+00:00

Project Description

Нове Франговски е роден во Галичник, 1939 година, а починал во Скопје 2017. Основното и средното образование (отсек скулптура) го завршил во Скопје. Во 1966 година дипломирал на Уметничката академија во Белград (отсек сликарство). За време на студиите тој учествувал на повеќе студентски изложби, а исто така учествувал и на „Октомврискиот салон“, во Белград, во 1965 година. По дипломирањето работел како слободен уметник, а потоа, од 1971 до 1978 работел во дрвопреработувачката фабрика „Треска“. Од 1978 до 1996 година работел во трговското друштво „Славија“, a oттогаш наваму, тој работи како слободен уметник. Станува член на ДЛУМ во 1967 година. Од 1965 година бил студентско патување во поранешниот Советски Сојуз, а во 1973 година се запишал на специјализација на Академијата за ликовни уметности во Рим – Италија. Од останатите студиски престои се издвојуваат: Парис – Франција 1977 – Добитник на стипендијата „Моша Пијаде“, Чешка Република 1992, Парис – Франција 1997, (со З. Јакимовски). Во 1990 година ја основа Галичката ликовна колонија и бил нејзин организатор се до 2016 година. Учествувал на многубројни групни изложби во земјата и во странство.

Related Articles