Никола Маџиров

/Никола Маџиров
Никола Маџиров 2018-08-21T17:17:48+00:00

Project Description

Никола Маџиров е роден 27.05.1973 во Струмица. Објавува поезија, есеи и преводи. За поетската збирка Заклучени во градот (1999) ја добил наградата за дебитантска книга Студентски збор, а за Некаде никаде (1999) наградата Ацо Караманов. Во 2004 година ја објавува збирката собрани песни Во градот, некаде. За поезијата од неговата најнова поетска книга Преместен камен (2007) ја добива европската награда Хуберт Бурда, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа. Неговата поезија е преведена на осумнаесет јазици и објавувана во избори и антологии во земјава и странство. Координатор е за Македонија на интернационалната поетска мрежа Lyrikline. Според неговата поезија снимени се два краткометражни филмови во Софија и Загреб. Бил учесник на повеќе интернационални поетски фестивали и добитник е на неколку меѓународни признанија и стипендии (KultuKontakt; Internationales Haus der Autoren Graz; LiteraturHause NÖ). Живее и работи како уредник, книжевник и преведувач.

контакт:

nikolamadzirov@yahoo.com

Related Articles