Мишел Фуко

/Мишел Фуко
Мишел Фуко 2018-08-21T17:18:25+00:00

Project Description

(1926-1984), француски филозоф и историчар, е еден од највлијателните и контроверзни научници на периодот по Втората светска војна. На дваесетгодишна возраст, Фуко се запиша на École Normale Supérieure (ENS) во Париз во 1946 година, и таму студираше психологија и филозофија, го прифати, а потоа и го напушти комунизмот, и востанови репутација на брилијантен и екцентирчен струдент.
По дипломирањето во 1952 година, Фуко започна кариера која ја карактеризираше постојано движење, и професионално и интелектуално. Прво предаваше на Универзитетот во Лил, потоа помина пет години (1955-60) како аташе за култура во Упсала, Шведска; Варшава, Полска и во Хамбург, Западна Германија (сега Германија). Фуко за одбрани својата докторска дисертација на ENS во 1961 година, Дистрибуирана под наслов Folie et déraison: histoire de la folie à l’âge classique („Лудило и неразум: Историја на лудилото во Класицизмот“), доби позитивни критики, но ограничена публика. Дури со објавувањето на Les Mots et les choses („Зборови и нешта“) во 1966 година, Фуко почна да привлекува пошироко внимание како еден од најоригиналноте и контроверзни мислители на своето време. Одбра оддалеку да гледа како репутацијата му расте – од Универзитетот во Тунис (1966-68), и сè уште беше во Тунис кога во Париз избија студентските немири во пролетта 1968 година. Во 1969 година ја објави L’Archéologie du savoir („Археологија на знаењето“). Во 1970 година, по краток ангажман како директор на катедрата за филозофија на Универзитетот во Париз, стана шеф на катедрата за историја на системи на мисли на Collège de France, најпрестижната универзитетска институција во Франција. Оваа работа на Фуко му овозможи да спроведува интензивни истражувања.
Меѓу 1971 и 1984 година Фуко напиша неколку дела, вклучувајќи ги и Surveiller et punir: naissance de la prison (1975; „Дисциплина и казна: раѓањето на затворот), монографија за појавата на современиот затвор; тритомна историја на западната сексуланост, и бројни есеи. Фуко продолжи интензивно да патува, а како што неговата репутација растеше, тој минуваше подолги периоди во Бразил, Јапонија, Италија, Канада и САД. Стана особено приврзан за Беркли, Калифорнија и областа на Сан Франциско каде што неколку години предаваше на Универзитетот на Калифорнија во Беркли. Фуко почина од септицемија типична за СИДА во 1984 година, оставајќи го недовршен четвртиот том на својата историја на сексуалноста.

Related Articles