Митја Чандер

/Митја Чандер
Митја Чандер 2018-08-21T17:17:54+00:00

Project Description

Митја Чандер е роден на 9 март 1974 во Марибор. Студирал Компаративна книжевност на Факултетот за уметност при Љубљанскиот универзитет. Во словенечката книжевна арена влегол во почетокот на 1990-тите. Со работа започнал како уредник на студентското списание Трибуна. Помеѓу 1995 и 2000 го уредувал книжевниот додаток на мариборското книжевно списание Дијалози; од 1996 е уредник на издаваштвото Белетрина, кое ги има изменето концептот на книжевно издаваштво во Словенија. Во 2001 ја уредил антологијата на словенечката куса проза напишана од млади словенечки автори, која досега е објавена на англиски, унгарски, романски, хрватски и српски, а во подготовка е за објавување на македонски и германски). Од 1992, Чандер има објавено голем број критички есеи за словенечката и за светската книжевност. За својата работа има добиено две големи награди: Стритар (1998) за најдобар млад критичар и Глазер (2000) од градот Марибор за исклучителни достигнувања во областа на културата. Чандер е исто така вклучен во различни културни активности, а работи како колумнист, драматург и сценарист на документарни филмови.
Записи од ноќта
е негова прва книга есеи собрани помеѓу 2001 и 2003 година, и е наградена со наградата за најдобра дебитантска книга. Чандер веќе ја пишува својата втора книга, посветена на современата словенечка проза.

Митја Чандер бил уредник на Блесок Критика.

Related Articles