Митко Апостолов

/Митко Апостолов
Митко Апостолов 2018-08-21T17:18:26+00:00

Project Description

Митко Апостолов е роден на 01.08.1987 година во Тетово. Дипломира на Машинскиот факултет во Скопје. Почнува да пишува поезија и кратка проза на blog.mk. Негови песни и кратки раскази се објавени во списанијата „Акт“ и „Чивилук“. Во 2016 настапува на 15. Меѓународна книжевна средба во Велење, Словенија, каде што е објавен во антологијата на словенечки јазик „Фестивал на антологија на изворна и преведена европска поезија на 21 век“.
Застапен е во е-зборникот од 2015 година од глобалната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“, како и во алманахот од интернационалниот фестивал „Литературни искри“ од Гостивар за 2016 година. Има учествувано на повеќе поетски читања меѓу кои и „Астални проекции“. Живее и работи во Скопје.

Related Articles