Мелике Инџи

/Мелике Инџи
Мелике Инџи 2018-08-21T17:17:43+00:00

Project Description

Мелике Инџи е родена на 19 септември 1975 година, во Истанбул. По завршувањето на италијанска гимназија студирала хемиски науки на Универзитетот во Истанбул. Пишувала написи во хумористичното списание „Аларм“ во 2003 година. Учествувала во работилници за креативно пишување на здружението на алумнисти на Универзитетот на Босфор. Нејзиниот расказ „Како отсутна“ е дел од изборот раскази во конкуренција за наградата AltKitap.com за 2010 година, објавен во книгата „Збогум“. Други раскази, како „Првата ноќ“ и „Измама“ се објавени на Altzine.net, „Пајакова мрежа“ на tersninja.com во 2011 година, а „Бесмртна“ во збирката раскази „Има несреќна љубов“ на Кадир Ајдемир. Нејзиниот роман „Во тој миг“ е објавен од Јитик Илке во 2014 година. Има преведено некои од расказите на Игор Исаковски на турски, а нејзиниот превод на „Ништо особено не се случува“ е објавен во списанието за литература Yalnızlar Mektebi во бројот за февруари-март.

Related Articles