Марта Маркоска

/Марта Маркоска
Марта Маркоска 2019-06-07T07:42:35+00:00

Project Description

Марта Маркоска е родена на 29.06.1981 година, во Скопје.

Дипломирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност, на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а магистрирала на Интердисциплинираните Културолошки студии во книжевноста, при Институтот за македонска литература во Скопје.

Маркоска е член на Друштвото на писателите на Македонија и досега има дванаесет авторски публикации:

  • Херојска / Еротска книга (H/ERO/T/IC BOOK еротска поезија, Матица, 2019)
  • Фил(м)увани приказ(н)и, научни студии и есеи (Евро-Балкан-Скопје, 2017)
  • Црне рупе у нама, препев на српски на книгата песни Црни дупки во нас (Граматик, Белград, 2017)
  • Црни дупки во нас, песни (II издание, македонска-англиска верзија, награда “Тодор Чаловски”, 2015)
  • Црни дупки во нас, песни (награда “Бели мугри”, 2014)
  • Култура и меморија (културолошки студии), Матица, 2014
  • Расправа за Зен будизмот (религиско-филозофски трансценденции помеѓу источната и западната мисла), научна студија, Матица, 2013
  • Стрмоглаво кон височините, песни (II издание, Магор, 2013)
  • Стрмоглаво кон височините, песни (награда “Ацо Караманов”, 2012),
  • Хипер Хипотези, есеи (Институт за македонска литература, 2011),
  • Вител во Витлеем, раскази (Темплум, 2010) и
  • Сите притоки се слеваат во моето корито, песни (Темплум, 2009)

    Маркоска е добитничка на наградите: Прва награда за најдобар расказ на конкурсот Електролит (Темплум / Маргина) за расказот Што се случува кога го читате Фрејзер (2007), награда Ацо Караманов (2012) за поетскиот ракопис Стрмоглаво кон височините; награда Бели Мугри (2014), за поетскиот ракопис Црни дупки во нас, награда Тодор Чаловски за поезија, есеистика, критика и креативни прозни форми, 2015 (прв лауреат); награда за краток расказ на Нова Македонија, за расказот Височините на Феликс (2015).

Нејзиното творештво е застапено во повеќе домашни и странски антологии на современата поезија и проза, а таа е составувач на Антологијата на љубовна и еротска лирика насловена Гребени на љубовните пловидби (2014).

Маркоска беше пионир во лансирањето на првото талк-шоу (talk-show) во Скопје, посветено на сите познати македонски поети, наречено “Книжевни магнитуди”.

Related Articles