Project Description
Магдалена Димчевска (1984, Скопје). Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистер по филолошки науки (2011) на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности во Скопје. Во моментов е докторант на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
Телото и телесноста во романите на Петре М. Андреевски во издание на ИК „Македонска реч“ од Скопје е нејзина прва книга. Оваа книга е адаптирана верзија на нејзината магистерска теза.
Текстот Телото и смртта во романите Пиреј, Небеска Тимјановна и Тунел од П.М.Андревски е во печат. Треба да излезе во списанието „Синтези“, бр. 27.